fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Избор на најуспешни во областа на земјоделството за 2021 година

Денеска во Битола

Здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“ трета година по ред, ја организира
најголемата манифестација во областа на земјоделството „Избор на најуспешни во
областа на земјоделството за 2021 година“.

Локација: ресторан СН, Битола.
Датум: 06 септември 16ч – саем, официјален дел – 17 часот.

Оваа манифестација, каде изборот на најуспешни се сведува само во областа на земјоделството, е единствена не само во регионот туку и во државата.

Пред почетокот на манифестацијата, од 16 часот, ќе се организира мини саем со земјоделски производи,
механизација и трактори, дегустација на традиционална пелагониска храна, вино, млечни производи, месни производи, мед…
Официјалниот дел ќе започне во 17 часот.

Ќе се доделат повеќе плакети и благодарници, на политичари, земјоделци и компании за успешната работа во изминатата година.
На овој начин преку оваа манифестација, му даваме поголема важност на професијата „Земјоделец“,
и ги поттикнуваме компаниите, стопанствениците и политичарите на уште поголема посветеност на оваа многу битна гранка во општеството, а пред се ги поддржуваме младите земјоделци и жената-земјоделец.

Потврдено е присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, директорот на АХВ, Никола Бабовски, директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, директорот на АПРЗ, Елгафар Јусуфи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close