вести

Фармерите и земјоделците си ја бараат ветената „зелена нафта“

 

Нема ниту „З“ од „зелената нафта“ која им беше ветена на земјоделците. Ова барање кое на иницијатива на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија беше покренато пред скоро една година, по се изгледа воопшто не се разгледува од страна на ресорното министерство. Пред 5 месеци требаше да помине на Собрание и да се печатат купоните, но за сега ништо нема на повидок. За проблемот да биде уште поголем, во меѓувреме цената на нафтата скокна вртоглаво.

-Кога почнавме да зборуваме за „зелена нафта“ колкава беше цената на нафтата, а колкава е сега. И со „зелената нафта“ цената ќе биде иста. И со 50 % намалување цената ќе биде како што беше и пред година и половина. Тоа е еден голем минус за земјоделското производство- изјави Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на Фармери на Р.М.

Шаклев апелира до министерот за земјоделие сериозно да пристапи кон оваа проблематика, зашто пред почетокот на есенската сеидба, земјоделците се во паника и не знаат што да прават. Од една страна долгиот сушен период ги одлага активностите, а од друга, постојано им растат производствените трошоци.

-Ниската откупна цена на пченицата, зголемените трошоци ќе ги натераат голем дел од земјоделците да се откажат од производство на поледелски и зрнести култури.  За да не се случи тоа, една од мерките е, министерството што побргу да реагира со „зелената нафта“-додаде Шаклев

Втората мерка, е во нај брз можен рок исплата на субвенциите за поледелските култури, кое ќе биде поттик повеќе земјоделците и годинава да ги засеат своите површини.

 


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close