fbpx
Вести

Фестивал на фигури од овошје и зеленчук

Основни училишта, центри за едукација на деца со посебни образовни потреби и здруженија на граѓани беа дел од 7. Фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури“ што се одржа вчера напладне на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Фестивалот традиционално го организира Здружението за промоција и едукација на храна и заштита на биодиверзитетот Слоуфуд „Св. Наум Охридски“ од Скопје.

Учесниците изработуваа фигури или композиција од фигури од овошје и зеленчук. Целта е преку забава и креативна ангажираност подобро да се запознаат и да ги надминат различностите – етнички, верски, интелектуални,…

Фестивалот, како што информираат организаторите, стреми и кон едукација на децата за употреба на здрава храна, подигање на свеста за хигиенските навики при подготвување на храната, како и кон социјализација на децата со посебни потреби и нивно прифаќање во општеството.

Поводот за одржување на Фестивалот е одбележувањето Светскиот ден на храната, 16 Октомври.

Конвивиумот Слоуфуд „Св. Наум Охридски“ – Скопје е невладина организација и членка на мрежата на Слоу фуд во Македонија. Повеќето членови во конвивиумот се деца со посебни образовни потреби, нивни родители и професори од разни струки и училишта.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close