fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Фестивал на пиперката во Кривогаштани

Од Општината потенцираат дека производството на пиперките е значајна економска гранка за овие населени места и токму затоа се одлучиле на еден ваков чекор за промоција на капијата која што е позната не само во Македонија туку и пошироко.

Општина Кривогаштани го организираше првиот „Фестивал на пиперката“ на кој што на 20-тина штандови, производители на пиперки од оваа општина ги промовираа своите производи. Од Општината потенцираат дека производството на пиперките е значајна економска гранка за овие населени места и токму затоа се одлучиле на еден ваков чекор за промоција на капијата која што е позната не само во Македонија туку и пошироко.

„Целта ни е да направиме и промоција на агро секторот така што на овие 20 штандови ќе бидат изложени земјоделци, откупувачи, преработувачи, кои се многу важни за движечката економија на Општината“, вели Николче Мискоски, градоначалчник на Општина Кривогаштани.

„Соработката на ЛАГ АГРО ЛИДЕР со Општина Кривогаштани одамна во нашите планови ја имаше идејата општината да се промовира на еден ваков начин и нејзиното најпрепознатливо обележје, производството на пиперка. Особено на пиперката капија и нормално агро секторот“, додаде Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Извозно преработувачките капацитети истакнаа дека извезуваат производи од пиперки во скоро сите земји од светот, а производството секоја година се зголемувало се повеќе.

„Македонската асоцијација на преработувачи има релевантни податоци дека минатата година имаме извоз или сме доносители на девизи од над 80 милиони евра“, кажа Горан Цуцулески, извозно преработувачка индустрија.

„Нашиот ајвар е еден од најпродаваните во САД. Ние исклучиво работиме за извоз, извезуваме моментално во над 15 земји од светот“, додаде Бранко Петрески, извозно преработувачка индустрија.

„Ги пласираме во речиси целиот свет, Бугарија, Србија, Данска, Германија, и други држави“, вели Благојче Павлески, извозно преработувачка индустрија.

Земјоделците пак велат дека кривогаштанската капија е уникатен земјоделски бренд кој го нема во другите региони и ајварот произведен од неа е највкусен, токму затоа била и најбарана.

„Единствена Општина што произведува пиперки за ајвар сме ние“, рече Благојче Дивјакоски, производител на пиперки.

„И колку има повеќе вакви манифестации толку има повеќе жители од други градови кои доаѓаат тука да се запознаат со богатството кое го произведуваме“, кажа Елена Велеска, производител на пиперки.

„Пиперката е многу барана кај нас и во Европа, чиста пиперка, пред се еколошка“, вели Снежана Бојческа, производител на пиперки.

„Благодарение на овие преработувачки капацитети кои се отворија сега тука ние ја садиме пиперката во поголеми количини“, изјави Зоран Манески, производител на пиперки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close