fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Филип Димкоски од Прилеп успева да произведе домат и од 700 грама

Има сорти кои добро успеваат на отворен простор и сорти кои успеваат подобро во заштитен простор

Младиот агроном Филип Димкоски од Прилеп поседува органска градина и деновиве на социјалните мрежи објави фотографии  од домати кои тежат над 700 грама.

Граѓаните на ова искоментираа дека еден ваков домат е доволен за да се направи салата за целото семејство.

„Доматите се едно од најпосакуваните и најмногу одгледуваните култивирани градинарски растенија. Одгледувам триесетина култури во мојата градина, но голем дел од просторот зафаќаат токму доматите. Секогаш сеам повеќе сорти со цел да ги имам што подолго и да бидат што поразновидни. Бидејќи работам и во пластеник и на отворено, имам сорти кои добро успеваат на отворен простор и сорти кои успеваат подобро во заштитен простор. Така годинава имам Новосадски јабучар, Амиш паста, Ред пеар, Бечејски јабучар. За голем дел од овие домати чувам мое семе кое е нетретирано или е купено или земено од производители на органски зеленчук. Доматите кои предизвикаа интерес годинава се од сортите Бечејски јабучар и Биг биф. Мора да се знае дека големината и формата најчесто се сортна карактеристика, но сепак зависи од условите кои ги има растението и од начинот на одгледување. Кај мене кај ниеден производ не се користи начин на форсирање на растот или зреењето. Производите од Градината на Филип се одгледувани на еколошки начин. Тоа значи дека не користам никакви пестициди кои се производ на хемиската индустрија. По потреба користам органски препарати, а најчесто се тоа препарати кои сам ги подготвувам“, вели Димкоски за Фактор.мк.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close