Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Филип Костадиноски и Горјан Спировски развија систем за мерење на параметрите на почвата
Уредите кои работат на сензори и ќе бидат поставени на нивите ќе мерат 10 параметри на земјата, а земјоделците ќе може да ги добиваат на мобилна апликација.
Филип Костадиноски и Горјан Спировски, се двајца млади студенти, талентирани иноватори кои имав чест да ги запознаам денеска. Нивната приказна инспирира и мотивира. Водени од желбата да креираат нешто ново и да го искористат својот потенцијал дошле до идеја да развијат систем за мерење на параметрите на почвата. Уредите кои работат на сензори и ќе бидат поставени на нивите ќе мерат 10 параметри на земјата, а земјоделците ќе може да ги добиваат на мобилна апликација.
Иновацијата ќе овозможи подобро планирање и распознавање кај кој земјоделски продукт што недостасува на почвата, се со цел поголем род и поквалитетен производ.