Се одржа Фестивал во чест на лубениците во општина Бутел

(Oвој напис е објавен на: July 5, 2018)

Синоќа во село Љуботен, општина Бутел се одржа првиот фестивал на лубеницата ,,Љуботен 2018,,. Градоначалникот Велимир Смилевски ја отвори оваа прва манифестација со која се слават летните слатки и освежителни плодови типични за општина Бутел – лубениците и дињите. Се разбира честа им припадна и на нивните производители, а годинава четиринаесетмина ги изложија летните, многу барани плодови, за што добија соодветни признанија и благодарници.

На првиот фествал на лубеницата ,,Љуботен 2018,, се одржа богата културно – уметничка програма, а присутните можеа да вкусат, освен љубеница и диња, и повеќе специјалитети карактеристични за жителите од Љуботен.


 

вечер