fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Филипче најави рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство

Планирано е зголемување за 100% на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата и носител на листата во изборна единица 4, Венко Филипче вчера во Кавадарци присуствуваше на отворање на нов изборен штаб.Филипче пред граѓаните потсети на вложувањата во земјоделието.

Филипче се осврна на приходите и проектите во земјоделството и најави рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство.

„СДСМ ќе продолжи да вложува силно во земјоделието. Планирани се рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство. Планирано е зголемување за 100% на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години. Со ова значително ќе се зајакна земјоделците и нивниот животен стандард. Зелената нафта, успешен проект кој за прв пат го имплементираше СДСМ ќе се надгради и во следниот мандат ќе обезбедиме 100% покривање на трошоците за гориво за земјоделска механизација“ – истакна Филипче.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close