fbpx
ВестиТоп вести

Последици од недостаток на снег

Дали снегот е добар или лош зависи од која страна гледаме, но секако е добредојден за обработливо земјиште. Во зависност од времето и количината, има свои добри и лоши страни. Ако е годината биде доста сува,  ги намалува приносите на речиси сите култури, и би било многу добро за нас небото да не израдува со бели снегулки. Најзначајното влијание на снегот е тоа што е важен извор на вода во почвата, со топењето оди во подлабоките слоеви на почвата и со тоа се зголемува резервата на вода за претстојната сезона на вегетација. Многу важен фактор е, кој што влијае на голем број процеси во почвата и според тоа и на својствата и плодноста на почвата. Различни видови овошје толерираат недостаток на вода, но сигурно многу подобро од обработливите култури. Најефективниот начин за борба против негативните ефекти на сушата и недостаток на влага е со наводнување, што го подобрува водниот режим на почвата доколку правилно се примени. Освен тоа што снегот е одличен термички изолатор, трипати повеќе сончеви зраци се одбиваат од неговата површина отколку од површината на почвата, така што снегот полека се загрева, со што се спречува забрзаното затоплување и рано будење на вегетацијата во пролетта. Снежна висина од 1 см може да го заштити растението на температура од -1 степени целзиусови, врз основа на што може да се заклучи дека колку пониски се температурите, толку се потребни поголеми снежни слоеви.

Ваквите температури фаворизираат различни микроорганизми и патогени, тие полесно се одржуваат во зима, така што може да се очекува поголем напад на микроорганизми и болести веднаш на почетокот на вегетацијата. Снегот е исто така добредојден за уништување на глодари што можат да предизвикаат сериозно оштетување на посевите, а и на земјоделските производители.

Секоја година е различна приказна и во овој момент на нашите производители може да им се советува само редовно да ги посетуваат своите полиња за да забележуваат промени и навремено да реагираат.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close