Во земјава дневно се произведуваат околу 800 000 канзумни јајца. Ова е бројка е доволна за потребите на граѓаните во земјава, но од живинарските фарми се жалат дека увезените ефтини јајца од Србија им ја уриваат цената, објавува канал 5.
Живинарските фарми од земјава се здружуваат за да се одбрани пазарот од напливот на увозни јајца особено изразен во пред велигденскиот период. Формирана е национална асоцијација за живинарство во која ќе се вклучат сите домашни живинарски фарми и преку заеднички настап ќе се понуди потрошувачите да препознаат и да трошат свежи домашни јајца наспроти увозните конзумни јајца..
Македонските живинарски фарми дневно произведуваат по околу 800 илјади конзумни јајца што се сосема доволно за потребите на домашниот пазар но секоја година се соочуваат со увоз по дампинг цени најмногу од соседна Србија . Единствен начин да ја добијат битката за домашниот пазар а со тоа потрошувачите да трошат свежи јајца и домашно пилешко е да се здружат.
Секоја македонска живинарска фарма има обврска јајцата да ги обележува со бројка и со МК код, што за потрошувачите е еден од сигналите да знаат што купуваат. Но ново формираната асоцијација за живинарство планира да воведе и препознатливо обележување на пакувањата за јасно да знаат потрошувачите што е свежо домашно јајце а што увозно од залихи и вишоци на соседните земји.
Извор: канал 5