fbpx
ВестиТоп вести

КОЈ ЌЕ ЈА ПОКРИЕ ЗАГУБАТА ОД ПРОДАДЕНИТЕ ЈАГНИЊА?

Oткако ќе се утврди точниот број на сточни грла, ќе се знае со колку пари државата ќе може да ги заштити одгледувачите на јагниња. Oва е ставот на Mинистерството за земјоделие, на поплаките од сточарите од Велешко дека работат со загуби.

На средбата во населба Чашка, тие уште еднаш го потсетија министерот Љупчо Николовски дека да произведат јагне ги чини 180 денари, а не можат да го продадат за повеќе од 140 денари по килограм. Побараа од него државата да им ја надомести разликата.

„Тоа да биде вонредна мерка, доплата до производната цена, затоа што тонеме“ – вели Митко Јанков – претседател на Здружението „Агроцентар“ – Велес.

Сточарите упорно го поставуваа прашањето до министерот.

„За јагне имаше нашиот претседател, под 150 денари да не биде цената, со 30 мденари дополна. До каде заврши нашиот предмет“ – рече сточар од општина Чашка.

Конкретен одговор од Министерството не добија. Набројувајќи ги успесите на Владата во земјоделието, министерот Николовски и луѓето од неговиот кабинет ги повикаа сточарите да се стрпат, за да се направи пописот на овци и јагниња, но и да се види откупната цена по килограм, па потоа да се разговара за мерките.

„Кога ќе ја имаме јасната слика, ќе знаеме со колкав износ на средства да одиме во делот на зголемување на вашите барања“ – изјави Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Следејќи ја продажната и производната цена, да знаеме како ќе се движи, колкава ќе биде разликата, ќе седнеме заедно за да поразговараме како да се помогне на сточарскиот сектор “ –  вели Трајан Димковски – шеф на кабинет на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Сточарите открија дека купувач од Турција е заинтересиран да откупи 100.000 јагниња, по цена која е рамна на производната. Тоа е речиси половина од вкупниот број јагниња во земјава. Но, извозот е отежнат, оти некои региони во Македонија се уште важат за региони со болеста бруцелоза, иако велат дека таа е одамна искоренета.

Тие од Министерството побараа решавање и на овој проблем.

Извор:24.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close