fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Форум за адаптација кон климатските промени и можности за стартап бизниси во земјоделството

На Земјоделскиот институт во Скопје денеска ќе се одржи Форум за адаптација кон климатските промени и можности за стартап бизниси во земјоделството.

На Земјоделскиот институт во Скопје денеска ќе се одржи Форум за адаптација кон климатските промени и можности за стартап бизниси во земјоделството.

Форумот е дел од активностите што се организираат во рамки на проектот „EIT Food Start-Up Awareness Event”, финансиран од единицата на Европскиот институт за иновации и технологии (EIT Food), којa, пак, е поддржанa од ЕУ.

 

На Форумот ќе се обратат директорот на Земјоделскиот институт, Виктор Ѓамовски и координаторот на проектот, Деспина Поповска Стојанов. Ќе присуствуваат и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството, Националната федерација на фармери, како и експерти од земјава и регионот.

-Неопходно е подигнување на свеста за сé поголемите негативни импликации од климатските промени и за потребата од користење нови и иновативни одржливи практики со цел адаптација на земјоделското производство, наведува Институтот.https://www.biznisvesti.mk/forum-za-adaptatsija-kon-klimatskite-promeni-i-mozhnosti-za-startap-biznisi-vo-zemjodelstvoto/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close