fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пропаѓаат старите куќи во историското штипско Ново Село

Даски покриени со камења и снег, наместо  споменици на една бурна историја. Ова се остатоци од неколку куќи во штипско Ново Село, заштитени со закон што ги изеде времето и негрижата на институциите. Жителите на штипско Ново Село подолго време алармираат дека опасност по нивното здравје се старите куќи, во кои има безброј приказни. Во нив се родени околу 50 македонски познати научници, лекари, војводи, комити, револуционери, но и атентатори.

Кога поминувате низ штипско Ново Село секоја куќа, сокаче има своја приказна. Токму оваа куќа стара над 300 години во секој момент може да се урне и да падне во дворот на Ленче Ѓеоргиева. Објектот иако евидентиран како културно наследство е во фаза на распаѓање и сега е само бледа слика на некогашниот сјај.

По  секоја најава за невреме семејството Ѓеоргиеви стравува за сопствените животи.

-Секој момент од невреме може да се урниса и да падне и да ми направа огромна штета. Еве каде ни е кровот. Ќе падне врз него, а и дворот цел ќе се наполни со камења. Видете колку сме блиску! Страшно е да живееме овде, посебно во задниот дел од куќата,ама што да правеме, не можеме ние ништо, вели  Ѓеоргиева.

Појаснува дека пред три години дел од руинираниот објект се урнал и завршил во дворот и спалната соба. За среќа не биле дома. Неколку пати ја информирале и  општината.

– Имаме пријавувано повеќе пати. Една власт, друга власт. Ветуваат дека ќе дојдат ќе го решат проблемот, но само празни ветувања.Не советуваа да им кажеме на газдата, ама сега и тој почина. Каде сега да тражеме чаре? Нема каде!, рече Ѓоргиева.

Со години се губи сјајот на оваа стара штипска населба. Но, пред еден месец заврши валоризацијата на куќите во Ново Село. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов појаснува дека валоризацијата ќе значи заштитата на автентичната староградска архитектира и да се вклопи и во Деталниот урбанистички план(ДУП), како и во  Генерален урбанистички план(ГУП).

-Така да сите куќи што се заштитени, односно Ново Село е заштитен како целина и сите куќи, целата населба се става под заштита и сите куќи кои со текот на времето ќе се реконструираат, секој објект, што ќе се прави ќе ја има онаа потребна заштита и ќе биде вклопен во урбанистичкиот план, вели Штерјов.https://nezavisen.mk/propagjaat-starite-kukji-vo-istoriskoto-shtipsko-novo-selo/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close