fbpx
ВестиВино

Франција очекува сериозен пад во производството на вино

Француското производство на вино се очекува да се намали за 18 отсто во 2017 година, поради мразовите што ги погодија лозјата на пролет, објавија француските медиуми.

Сланата, пролетната топлина проследена со суво лето ги погоди француските лозови насади од почетокот на годината. Првата жетва на грозје започна десет дена претходно со остар пад на жетвата – освен во централниот регион Бургундија.

Очекуваното количество вино оваа година изнесува 37,2 милиони хектолитри, или 18 проценти помалку отколку во 2016 година и 17 проценти помалку од просекот во изминатите пет години, објави Министерството. Новата криза ги следи климатските недостатоци во 2016 година и двоцифреното намалување на производството, што резултира со жетва од минатата година што е една од најслабите во последните три децении.

Но, во квалитативна смисла, оваа година жетвата е добра. Во 2016 година, Франција беше втор најголем производител на вино по Италија, според податоците на Меѓународната организација за вино и лозарство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close