fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Арамиска пештера, капките вода чуваат тајни во Тиквешијата (репортажа)

Капките вода чуваат тајни во Арамиска пештера, една по една, ја создаваат уметноста на природата. Прекрасни украси и извонредна музика.

Капките вода чуваат тајни во Арамиска пештера, една по една, ја создаваат уметноста на природата. Прекрасни украси и извонредна музика. МИА го имаше задоволството да ужива во прегратките на тоа камено царство во кое времето како да застанува, а проблемите како за миг да исчезнуваат. Убаво е да се почувствува тој допир на вечноста.

 

Бумбарот и стравот од неизвесноста

 

Тиквешијата е позната по бројните природни богатства. По три региони за спелеолошки објекти, околу 34 мистериозни пештери се распослани околу Тиквешкото Езеро, во близина на селото Мрежичко, во атарот на селото Гарниково и делот на реката Каменица, десна притока на Црна Река. Бев дел од спелеолошката експедиција која ја посети Арамиска пештера, една од десетината спелеолошки објекти во гарниковската околина. Од градот Кавадарци е оддалечена околу 12 километри. Организатор на несекојдневното дружење беше планинарско спортското друштво „Орле” од Кавадарци. Во групата имаше повозрасни, искусни планинари и мајстори за спелеологија, млади спелеолози од кои некои прв пат влегоа во пештера, љубители на природата од сите возрасти.

– Станува збор за една пештера која е карактеристична со пештерски украси, сталактити и сталагмити. Во еден дел е сè уште активна, постојано преку украсите капат капки вода и дополнително ги оформуваат и надградуваат, информира Никола Минчоров, претседател на „Орле”.

Благој Лазов-Бенџо е искусен планинар и спелеолог како и Минчоров. Тој се потсети дека уште многу одамна кога прв пат дошол тука, се интересирал околу името на пештерата.

– Постарите мештани од околните села, кои тогаш беа живи, кажуваа дека во близината на оваа месност Црквиште, во минатото, требало да се гради некој манастир. Караванот со пари за манастирот кога се лоцирал на местото, дошле арамии и го опљачкале. По пљачката, се сокриле во пештерата, која оттогаш ја завикале Арамиска, ми раскажа Лазов.

Тоа е легендата што ја слушнал. Тој сподели и една анегдота поврзана со пештерата, од неговата младост. – Имаме бројни интересни дешавки низ годините, поврзани со ова место во близина на пештерата, викано Црквиште, но и со пошироката околина. Бев многу млад, дојдовме во близина на пештерата, одевме пешки цел ден дотука. Логорувавме во близина на Арамиска. Вечерта ни се деси една, за тогаш, многу незгодна ситуација. Направивме една колиба од гранки и лисја и легнавме да спиеме внатре. Се смиривме и одеднаш нешто почна да тропа. Еден од нас рече, еј, коњска кола некоја иде тука. Друг рече, тука нема пат, бе, кај коњска кола. Па, се замисливме малце сите. Се подисплашивме малце. Па скоро цела ноќ не спиевме. Едно време некому му текна и вика, а бе, чекај бе, вика еден бумбар го затворивме во една кутија за да не ни смета. Кога го извадивме, сфативме дека он цело време ни тропал, а ние млади и исплашени, па дури мислевме и дека коњска кола е, евоцираше тој спомени.https://nezavisen.mk/aramiska-peshtera-kapkite-voda-chuvaat-tajni-vo-tikveshijata-reportazha/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close