fbpx
Вести

Француски искуства за развој на земјоделството

agencija

Започнување на конкретна билатерална соработка во областа на земјоделството, унапредување на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи со Франција, искористување на француските искуства за развој на земјоделството – ова беа само дел од темите на кои што на денешната средба разговараа министерот Љупчо Николовски и амбасадорот на Франција, Кристиан Тимониер.

Амбасадорот Тимониер, понуди експертска помош во делот на заштита на потеклото на називите на земјоделско-прехранбените производи, развој на земјоделските задруги и земјоделското образование.

Министерот Николовски, го информираше дека развојот на земјоделството е еден од приоритетите на Владата, и дека веќе се работи на проекти за окрупнување на земјоделството, унапредувањето на задругарството и едукацијата, за што од голема корист би ни било искуството на Франција, во овие области.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close