Без категоријаВестиТоп вести

Тутунопроизводителите субвенции ќе земат во мај месец

Никица Бачовски, директор на Платежна агенција

На денешната прес конференција на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, Никица Бачовски најави дека субвенциите за тутунот ќе се исплатат во месец мај.

„Заради продолжениот рок на откупот, да оставиме простор за жалби од страна на земјоделските производители за оние во текот на откупот, за класи и други забелешки од тутунопроизводителите , а субвенциите ќе ги добијат во мај месец – изјави Бачовски, објави Агротим.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close