fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Фрижидерите и во Србија полни со јаболка, отежнат извозот на Блискиот Исток

Србија со околу половина милион тони производство игра важна улога и на европскиот пазар

Во Европа годишно се произведуваат од 11 до 12 милиони тони јаболка. Полска е традиционално најголемиот производител со околу 3,5 до четири милиони тони, а значително производство имаат и Италија и Франција.

Србија со околу половина милион тони производство игра важна улога и на европскиот пазар, но во последно време и најголемите играчи имаат проблем со пласманот и пронаоѓањето на нови извозни дестинации. Неодамна како понудувач се појави и Украина, која со ниските цени на ова овошје станува се поголем конкурент на Блискиот и Далечниот Исток, каде што големите извозници на јаболка ја гледаат својата шанса за развој. Така, здружението на производители на ова овошје од Хрватска неодамна предупреди дека поради притисокот на откупувачите и евтината роба од соседните земји, тешко се пласираат нивните јаболка, па затоа се борат за опстанок продавајќи овошје на свој праг.

Паралелно со борбата со временските услови, нивниот опстанок уште повеќе го отежнуваат купувачите и увезените стоки кои се пласираат на пазарот преку трговските синџири. Затоа, велат, многу локално овошје од минатата сезона се уште е во фрижидерите. Предупредуваат и дека откупувачите на јаболка во моментов фактурираат по еден цент за килограм и дека „ниедно производство не може да го издржи тоа“, објави порталот „Сибиз“, објави Политика. Глобалната ситуација е тешка и дека Србија извезувала големи количини јаболка на Блискиот Исток, но дека во моментов се е тешко.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close