fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Градинарите од Струмичко задоволни од откупните цени на градинарските култури

Со исклучок на пролетната зелка, градинарите од Струмичко се задоволни од откупните цени на останатите градинарски култури во текот на целата производствена сезона.

-Сега, на крајот од сезоната, генерално можеме да кажеме дека градинарите од нашиот регион треба да бидат задоволни од откупните цени и пласманот на градинарските култури. Раното пролетно производство, тоа во текот на летото, но и тоа што беше засадено како втора култура се откупи без проблеми и имаше добри откупни цени. За одбележување и поздравување се добрите откупни цени од страна преработувачите, кои откупија големи количини на индустриска пиперка и корнишони, смета Ристо Велков, од Сојуз на синдикат на земјоделски производители на Струмица.

И откупувачите го делат задоволството на градинарите. Додаваат дека од секоја култура се бараше килограм повеќе, а извозот во текот на целата откупна сезона течел без проблеми.

-Со исклучок на пролетната зелка, останатите култури, како што се доматите, пиперките, краставиците, пиперката „ајварка” и други, имаа континуирано добри откупни цени и непречен извоз. Сметам дека овој тренд треба да продолжи и наредната сезона, рече откупувачот Ацо Стоилков.

Градинарските култури се извезуваа во Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Грција и други земји од ЕУ, а покрај странците големи количини откупија и домашните преработувачки капацитети.

Извор: Бизнис вести

Слични написи

Back to top button
Close