Црна Гора бара сезонци

(Oвој напис е објавен на: July 3, 2019)

На плантажите во Црна Гора се бараат работници, а дневницата е 35 евра.

Доаѓаат работници од Србија, БиХ, а дел и од Црна Гора.

Освен дневница, обезбедена е храна и сместување за работниците.

Во август ќе бидат потребни 700 работници, а сега околу 40 работници берат праски.

Од компанијата „Плантажи“ велат дека до добар работник тешко се доаѓа.