fbpx
Вести

Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје слави 70 години постоење

Факултетот за земјоделски науки и храна – ФЗНХ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денес слави седум децении постоење. По тој повод денес ќе се одржи свечена седница на наставно-научниот совет, на која ќе се обрати проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, декан на факултетот, ќе се промовираат и монографија и библиографија за оваа научна установа и ќе се одржи свечена академија. 

Факултетот за земјоделски науки и храна е основан есента 1947 година, под името Земјоделски факултет, како посебен отсек на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, само една година по основањето на Филозофскиот факултет во Скопје.

ФЗНХ, велат оттаму, може да биде горд на над 7.800 дипломирани студенти, над 500 магистри на науки и околу 270 промовирани доктори на науки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close