вести

Македонски земјоделци на саем во Турција

Група од осумдесет фармери во организација на Федерацијата на фармерите на РМ се во посета на Седмиот по ред Земјоделскиот Саем на отворено во Чанаккале, Турција.
Саемот е на отворено и ќе има практична демонстрација на земјоделска механизација на 40.000 метри квадратни и новитети во областа на земјоделските сектори на покриен простор од 1500 метри квадратни.
zemjo

„Целта на саемските посети е да се разменат искуства и да се види практичната примената на новите технологии во аграрот. На ваков начин ќе се поттикне зедничкото планирање и донесување на одлуки за усвојување и примена на напреднати земјоделски техники и технологија, што најпосле ќе доведе до подобрена продуктивност, стандардизација на производите, оптимализација на количините и зголемување на приходите“, истакнува Никола Стаменов, претседател на ФФРМ.

Тој и заменик претседателот на ФФРМ, Mемет Синани присуствуваат на саемот во Чанаккале Турција каде што на отворено ќе се презенираат засадени површини со нови сорти на градинарски, поледелски и овошни култури.

Целта на посетата на саемот е запознавање на земјоделците од РМ со новите технологии на производство со цел намалување на трошоците и зголемување на продуктивноста, како и размена на искуства со турските фармери и институции од областа на земјоделството.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close