fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ открива злоупотреби на субвенции во земјоделието

Има злоупотреби и за државното земјоделско земјиште, вели министерот Трипуновски

Отркиени се злоупотребени на повеќе од 2000 хектари земјоделско земјиште кои државата ги дала под концесија, а инспекторатот ќе ги продолжи контролите за земјиштето да стигне до вистинските земјоделци, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при престојот во Прилеп.

„Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на преземањето на Министерството, станува збор за околу 2000 хектари кои се откриени, но има и злоупотреба на субвенции кои се користеле од државата, биле бесправно. Контролата на инспекторатот за злоупотребата континуирано трае“, рече Трипуновски.

Државата продолжува со распределба под концесија на државното земјоделско земјиште, кое вистинските земјоделци ќе го обработуваат и ќе произведуваат.

„Завршија петте јавни повици кои беа ставени на располагање во декември и во јануари. Веќе се изготвени договорите, се испраќаат кај земјоделците. Нова распределба на земјиштето се очекува во јуни или во јули месец“, Трипуновски.

МИА

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close