fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Геотермалните води не може неконтролирано да се користат-посочуваат од Министерството за животна средина

Министерството за животна средина им забрани на земјоделците од струмичко Банско да користат електрична енергија за испумпување на геотермалната вода.

Министерството за животна средина им забрани на земјоделците од струмичко Банско да користат електрична енергија за испумпување на геотермалната вода. Со тоа, околу 50 хектари со пиперки, краставици, домати… под пластеници може да останат без загревање и наводнување. Исто така, и компанијата ЕВН им прави проблем, бидејќи не им ги продолжува договорите за електрична енергија, барајќи им доказ дека се корисници на водно право, што тие го немаат.

Градинарите ја користат топлата геотермална вода за загревање и за наводнување и се плашат дека среде сезона ќе им се запустат пластениците. Велат дека пред шест години, платиле за изработка на елаборати за легализација на „бушотините“ со геотермална вода, но одговор од ресорните министерства нема.

Тие побараа надлежните да им помогнат да го решат проблемот и редовно да ги плаќаат потребните надоместоци како што ги плаќале и досега. Од Министерството за животна средина соопштија дека за реонот со геотермалната вода во Банско државата веќе има издадено концесија на фирма, со која земјоделците треба да се договорат.

– Индивидуалните земјоделци не можат да го остварат водното право бидејќи веќе е доделена концесија за тоа подрачје. Но, за потребите на оранжериите, можат да обезбедат водно право преку концесионерот. Геотермалните води не може неконтролирано да се користат. Употребата на бунарските објекти и користењето вода не подлежат на Законот за постапување со бесправно изградени објекти – посочуваат од Министерството за животна средина.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close