Агро бизнисВестиТоп вести
Германец испратил порака за мир од својата нива
Веќе тринаесетти ден беснее војната во Украина. Кон секојдневните апели за мир со впечатлива акција се придружи и германски земјоделец.
Нивата на Ридигер Риц се наоѓа во германското место Ермштед во близина на градот Ерфурт, на илјада километри од границата на Украина. Германскиот земјоделец реши да им се придружи на секојдневните апели за мир во Украина исцртувајќи со својот трактор огромен знак за мир. Знакот за мир во нивата на Ридигер Риц има пречник од 200 метри, објави Дојче Веле