fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Климатските промени ги намалуваат приносите на плодовите на Пелистер

Се намалува интересот за собирањето плодови и ароматични растенија во најстариот Национален парк во државата Пелистер, некогаш извор за егзистенцја на голем број битолчани. Но, климатските промени ги намалуваат и приносите кај плодовите, како на пример боровинката, која поради затоплувањето се поместува на повисоките предели.

-Боровинката бара поладно место, а моликата се шири поради затоплувањето на климата па боровинката е принудена да се качува повисоко. Сепак намалувањето на плодот може да е и поради се помалку врнежи и потопли лета,вели проф.д-р Тошо Арсов, експерт за растителни плодови

По двегодишно теренско истражување на Пелистер, експертите  изработија 15 дигитални мапи за распрострaнетоста на самоникнати лековити и овошни растенија. Со овие истражувања утврдено е дека старосната структура на собирачите се зголемува, а кај младите нема голем интерес. Економски исплатливите плодови како боровинката, шипинката и смреката се поатрактивни за собирачите, во однос на лековитите ароматични растенија кои се собираат за сопствена употреба.

-Во рамките на овие дигитални мапи, покрај мапите за растителните видови и на каква почва се овие растителни видови. Какава е почвата под боровинката, мајчината душица и друг растителни видови,рече проф.д-р Силвана Манасиевска Симиќ, тим лидер на проектот.

Проектот кој има за цел да обезбеди поголема заштита и одржлива употреба на шумките плодови, е финансиран од ЕУ и УНДП. Покрај истражувањата беа спроведени обуки за собирачите и вработените во паркот, за да се подигне јавната свест, а ќе биде објавен  и прирачник  со мапи и препораки како да се собираат овие растенија.

Емилија Мисирлиевска

извор:ТВ Телма

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close