fbpx
Агро бизнисВестиВино

Германија ја штити цената на виното со ограничување за нови лозови насади

Германија го ограничува садењето на нови лозови насади од 2016 година со уште построга регулатива од Европската Унија, која дозволува површините под лозови насади да се зголемат за најмногу еден процент.

Долниот дом на парламентот во четвртокот гласаше за продолжување на регулативата според која површината под лозови насади може да се зголемува за само 0,3 отсто годишно.

Регулативата треба да остане на сила до 2026 година, а продолжувањето треба да го одобри горниот дом на парламентот.

Германија го ограничува садењето на нови лозови насади од 2016 година со уште построга регулатива од Европската Унија, која дозволува површините под лозови насади да се зголемат за најмногу еден процент.

Виновата лозата моментално се одгледува во Германија на површина од нешто повеќе од 100.000 хектари во 13 винарски региони, предводени од Рајнхесен и Рајнланд Пфалц, објави Канал 5.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close