Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ИПАРД инфо-ден во Кратово

Во Општина Кратово денеска ќе се одржи информативен ден за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020, мерка 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) ги покануваат сите заинтересирани странки, физички и правни лица, микро и мали претпријатија и задруги да присуствуваат и да се информираат за можностите.

Инфо денот ќе се одржи со почеток во 11 часот во салата за состаноци на општина Кратово.

Јавниот повик 01/2021 е објавен на 8 јули 2021. Во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата, со цел до 22 август 2021 година сите апликанти да ги достават комплетно пополнетите барања за користење на средства и целокупната документација што се бара во јавниот повик, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Апликантите може да аплицираат во следните приоритетни сектори: алтернативно земјоделско производство, производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции, алкохолни производи од грозје или овошје и пиво, колачи, тестенини и пекарски производи, чај и билни екстракти, зачини и билки, слатководна риба, ракови и мекотели и други производи кои не се наведени во листа на производи од анекс I на договорот за функционирањето на ЕУ.

Прифатливи инвестиции во мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси се: градба и реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности, набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност, набавка на наменски транспортни резервари и приколки, на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум), набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија и инфраструктурно уредување.

Дополнителни информации се достапни на веб страниците на телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.ipard.gov.mk , Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ.

Поврзани новости

Back to top button
betewin   betewin   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   betsat   betsat   betsat   betsat   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   casibom   casibom   fixbet   betewin   mrking   fixbet   betewin   mrking   spinco   betewin   spinco   betewin   fixbet   betewin   spinco   matadoret   casibom   betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet