Германски новинар пишува-Македонските патриоти го слават Денот на независноста во Грција
„Скопје е одлично место за посета. Доброто во тоа што сте во Скопје на денот на македонската независноста на 8 септември е што градот е полупразен, особено ако е понеделник или петок, бидејќи сите вистински македонски патриоти го напуштаат главниот град за да го прослават денот во Грција…“, пишува Мајкл Мартенс
Новинарот на Франкфуртер Алгејмајне Цајтунг“, Мајкл Мартенс, престојува во Македонија за да напише , како што вели самиот, неколку текстови за актуелната состојба во Северна Македонија и за врската меѓу знамињата и корупцијата. Ова се неговите три најсилни впечатоци досега што ги објави на Твитер:
„Скопје е одлично место за посета. Доброто во тоа што сте во Скопје на денот на македонската независноста на 8 септември е што градот е полупразен, особено ако е понеделник или петок, бидејќи сите вистински македонски патриоти го напуштаат главниот град за да го прослават денот во Грција…“
„ Забележителен е интензитетот со кој овде се отфрлаат Бугарија, па дури и Бугарите. Никогаш не сум почувствувал вакво нешто повеќе од 20 години. Но, дали е тоа изненадувачки? Бугарската политика реагира на отфрлањето што го заслужува“.
„Ако ВМРО под Груевски го вееше македонското знаме за да ја прикрие корупцијата и заробените институции, актуелната власт го вее европското знаме за да го стори истото“, вели соговорник во Скопје. Како и да е: Среќен ден на независноста! Можеби земјата ќе добие подобри влади во иднина“.https://nezavisen.mk/