fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Германските земјоделци бараат државна помош поради климатските промени

Германските земјоделци бараат од владата да им обезбеди најмалку 400 до 500 милиони евра годишно во наредните три години за да го заштитат земјоделскиот сектор од ефектите од климатските промени.

Ова го побара денеска претседателот на германското здружение на земјоделци, Јоаким Руквиед, за време на објавувањето на извештајот за жетвата во 2020 година.

Парите би се искористиле за „мулти-ризично осигурување“, кое ќе се понуди доброволно и ќе им обезбеди на земјоделците заштита од екстремни временски настани, објасни Руквиед.

Земјоделскиот сектор не може да воспостави таква програма без поддршка од државата, истакна првиот човек на здружението на земјоделците.

„Климатските промени се јасно видливи. Нашите приноси не се повеќе стабилни како што беа пред 10 или 15 години“, рече Руквиед.

Оваа година приносите на жито повторно биле намалени за скоро пет проценти во однос на просекот во периодот од 2015 до 2019 година, според здружението.

„На многу места, 2020 година беше трета година обележана со екстремни временски услови, заканувајќи се на опстанокот на некои фарми“, предупредува Руквиед.


 

kanal5.com.mk

Слични написи

Back to top button
Close