fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Усогласувањето на нашиот фитосанитарен систем со европскиот, е една од најзначајните компоненти, вели Хоџа

Во последната година направени се исклучително позитивни придвижувања во насока на модернизација и современо управување во фитосанитараната политика во нашата држава, рече Хоџа.

Реформите и модернизацијата во агросекторот се континуиран процес и претставува една од нашите обврски на евроинтегративниот пат. Усогласувањето на нашиот фитосанитарен систем со европскиот, е една од најзначајните компоненти, вели министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.
-За таа цел, денеска заедно со раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Штефен Худолин, во присуство на претставници од сите чинители на фитосанитарниот систем, одржавме заедничка промоција за подигнување на јавната свест во фитосанитарната област.
Во чекор со актуелните политики и регулативи на Европката Унија, во последната година направени се исклучително позитивни придвижувања во насока на модернизација и современо управување во фитосанитараната политика во нашата држава, рече Хоџа.
Новите правила се усогласени со европските регулативи и мора да се почитуваат. Само така, европските пазари ќе бидат достапни за нашите земјоделски производи.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close