fbpx
Вести

Езерото Калиманци е порибено

kalimanci

Спортско риболовното друштво „Шаран“ од Македонска Каменица изврши порибување на езерото Калиманци со 600 кг риба – крап. Рибите се набавени од Репроцентарот „Пелагонија“ од Жабени, Битола.

На порибувањето покрај членовите на СРД „Шаран“ присуствуваа и генералниот директор на Рудник „Саса“, Нил Стевенсон и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Како што истакна претседателот на СРД „Шаран“, Горан Стоименовски, оваа активност на риболовното друштво традиционално е поддржана од Рудник „Саса“ и за таа намена годинава најголемиот стопански капацитет во Македонска Каменица одвоил 150.000 денари.

– Сакам да истакнам дека во понеделник во езерото ќе бидат пуштени дополнителни 600 кг кои, ќе бидат обезбедени со финансиска поддршка на општина Македонска Каменица. На овој начин, езерото Калиманци ќе остане препознатлива дестинација која ќе ги привлекува спортските риболовци, не само од Македонија туку и од странство, истакна Стоименовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close