fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Гевгелија ќе добие метео станица но и сензори кои ќе даваат податоци на земјоделците за заштита и поголеми приноси

Во регионите на Богданци и Валандово ќе бидат поставени други 29 модули со интегрирани сензори за мерења на температурата и влажноста на воздухот, температура и влажност на почвата како и атмосферскиот притисок – податоци кои земјоделците ќе ги добиваат на мобилен или комјутер.

Гевгелија ќе добие нова метеоролошка станица која ќе биде во функција на обезбедување податоци за воведување иновации во земјоделството во овој регион. Станува збор за станица која ќе дава податоци за температурата, влажноста и воздушниот притисок на воздухот, брзина и правец на ветрот, количество на врнежи, радијација, УВ индекс, како и количество на ПМ 2,5 и ПМ 10 честички во воздухот.

Паралелно во Гевгелија но и во регионите на Богданци и Валандово ќе бидат поставени други 29 модули со интегрирани сензори за мерења на температурата и влажноста на воздухот, температура и влажност на почвата како и атмосферскиот притисок – податоци кои земјоделците ќе ги добиваат на мобилен или комјутер.

Станува збор за сензори од LoRa технологијата  која ќе дава податиц кога може да се користат систематични препарати, можната појава на пролетен мраз, потребата од наводнвуање, состојбата на почвата преку електро спроводливост на супстратот  односно дава податоци за количината на хранливите елементи околу коренот.

Извор https://drnka.mk/

Слични написи

Back to top button
Close