Глобално производство на вино

(Oвој напис е објавен на: November 1, 2019)

Светското производство на вино е проценето на 292,3 милиони hL за 2018-та година, што бележи пораст од 42,5 милиони hL споредено со производството во 2017-та година кое е на историски ниско ниво, поради лошите временски услови. Трендовите кај главните производители на вино сепак се разликуваат. Најголем број од европските земји бележат значително зголемување на производството, споредено со 2017-та година, па така Италија (54,8 милиони hL), Франција (49,1 милиони hL) и Шпанија (44,4 милиони hL) остануваат на цврстите први три позиции, поради одличните берби. Споредено со просекот во минатите пет години (2013-2017) за овие три земји, бербата во 2018-та година била поголема за 13,3%, 13,0% и 14,1% соодветно за секоја земја.

Помали зголемувања на производството забележале и Германија, Романија, Унгарија, Австрија и Швајцарија, иако некои од европските земји се соочија со полоши временски услови кои го намалија производството, меѓу кои Португалија, Грција и Унгарија. Капацитетите за производство на вино во Европската унија за 2018-година се проценети на 181,9 милиони hL, со пораст од 28,3% споредено со 2017-та година.

Целиот текст може да се прочита на следниов линк

Извор:АПРЗ