Го имаат на нивите, а побарувачката за него расте
Фармерите во Хрватска постојано се жалат поради ниските цени на пченицата, а на нивите имаат сладок компир чија цена расте како и побарувачката.
Приходот од еден хектар со сладок компир е соодветен на приход од 30 хектари со пченица.
Овој компир нема многу заедничко со обичниот компир.
Во Хрватска овој компир се продава 5 пати поскапо од обичниот компир, така што килограм чини по 20 куни, а секоја година побарувачката се зголемува за 20%.
Овој компир успева во топли тропски краеви, но не треба да се занемарат и хрватските острови.
Се вложуваат по 50.000 до 60.000 куни за хектар.
На 20.000 садници се добиваат 20 тони сладок компир.
По бербата се конзервира 5/6 дена на 35 степени, по што трае 8/9 месеци.
Најбаран е портокаловиот кој е најсладок, а виолетовиот потсетува на костен.