fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Претежно сончево време, со температури до 36 степени

01.08.2023 год. МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С) 9 Лазарополе, 10 Берово, 11 Маврови Анови, 12 Крива Паланка, 13 Крушево, 14 Тетово, Битола, 15 Скопје-Петровец, Прилеп, Штип, Струмица, 16 Охрид, Претор, Демир Капија, Виница, Куманово, 17 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 18 Велес, 20 Гевгелија.

Денеска времето во земјава ќе биде сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од јужен правец, соопшти Управата хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури ќе се движат во интервал од 12 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 30 до 36 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

01.08.2023 год. МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
9 Лазарополе, 10 Берово, 11 Маврови Анови, 12 Крива Паланка, 13 Крушево, 14 Тетово, Битола, 15 Скопје-Петровец, Прилеп, Штип, Струмица, 16 Охрид, Претор, Демир Капија, Виница, Куманово, 17 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 18 Велес, 20 Гевгелија.

Во Скопје се очекува слично време, претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 Целзиусови степени.

Според УХМР, до петок не очекува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер и пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Синоптичарите за првиот ден од претстојниот викенд најавуваат засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика пад на температурата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close