Го напуштиле луксузот во Лос Анџелес, облекле опинци и дошле во село: Близнаците Марко и Лука се први земјоделци во регионот
Близнаците Марко и Лука Максимовиќ можат да застанат рамо до рамо со успешните претприемачи бидејќи заедно со таткото Часлав во селото Божурња, успешно одгледуваат боровинки.
Не е филм, туку животна приказна на Марко и Лука Максимовиќ, 21-годишни близнаци родени во Лос Анџелес.
Марко и Лука иако родени во САД, пред десетина години се вратиле во Србија поради желбата на нивниот татко да пораснат како Срби.
Во Белград завршиле основно училиште, а потоа запишале Земјоделси факултет.
– Кога се запишавме во прво одделение зборувавме многу лошо српски јазик, но брзо се навикнавме и одлично се снајдвоме – вели Лука за Блиц.
Дошле до идеја да одгледуваат боровинки, кои во Србија ги нема во голема количина. Велат дека боровинките се овошје на милениумот и дека можат да се употребуваат сушени, свежи како и замрзнати.
– Сфативме дека одгледувањето на боровинки може многу да ни донесе – вели Лука и додава дека за една година приходите растат околу 280%.
Марко и Лука велат дека се задоволни. Работата континуирано напредува, побарувачката расте, тие сметаат дека боровинките се иднина.
– Просечната цена на боровинките е 5 до 6 евра по килограм, а по хектар може да има околу 15 тони – вели Лука, додавајќи дека годишните трошоци не минуваат 15% од вкупната бруто заработка.
Сепак велат дека најсреќни се што покрај стереотипите дека само на Запад може да се успее, своите цели ги оствариле во Србија.