Го реновирале тоалетот па шутот го исфрлиле до црквата „Пресвета Богородица“ во Трново
Патот кој поминува покрај храмот и води кон Националниот парк Пелистер во овие летни месеци е најмногу посетуван од туристи и претставува грда слика за Потпелистерието.
Тоалет, плочки од реновирано купатило и еден куп друго ѓубриште е оставено околу оградата на големиот соборен храм „Прсвета Богороција“ во битолското село Трново. Вдолж оградата на црквата е расфрлан отпад од секаков вид, што ова вакавско место го претвора во депонија. Згора на се, патот кој поминува покрај храмот и води кон Националниот парк Пелистер во овие летни месеци е најмногу посетуван од туристи и претставува грда слика за Потпелистерието.
Дворот на храмот „Пресвета Богородица“ во Трново на крајот на јули и за време на Илинден е најпосетувано место за нашинците од дијаспората, бидејќи не само што е омилено за пикник поради дебелата сенка од дрвјата во црковниот двор, туку и поради тоа што тука се одржуваат манифестации од меѓународен карактер.
Во Трново во последните децении најчесто се градат нови викенд куќи или се реновираат старите објекти, но очигледно никој не води грижа за живоната околина па ѓубришта расфрлени низ село ја уништуваат неповратно природата.
А.Блажевска