fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Гоце Серафимов – земјоделците да ја складираат пченицата и да не се грижат оти трошоците за складирањето ќе им ги надомести државата

Жетвата почна со многу добар квалитет на пченицата, но последните денови заради горештините намален е квалитетот на ожнеаното жито.

Во екот на жетвата на лебното зрно, земјоделците производители на пченица се жалат дека договорената цена за откуп на пченицата од 12 денари за прва и втора класа, не се почитува од откупувачите.

Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијацијата на земјоделци за „Зелена берза“ изјави дека цената од 11 до 12 денари за килограм пченица е речиси идентична како во соседните земји, Србија и Грција, па и пошироко на Балканот. Тој апелираше земјоделците да ја складираат пченицата и да не се грижат оти трошоците за складирањето ќе им ги надомести државата.

„Сѐ што е пченица над 75 хл ќе се плаќа по 12 денари, сѐ што е под оваа хектолитарска тежина по 11 денари, плус превозот. Моментално во Србија и Грција е пониска цената од кај нас. Затоа нашите откупувачи велат ако сакате по таа цена добро, ако не, нема да откупуваме ќе си увеземе од Грција. Тоа е, пазарна економија. Се очекува цената да порасне по жетвата. Но, добро е што успеавме, министерот Трипуновски прифати сѐ што лани беше складирано да се исплати, и плус и оваа година да се плати складирањето. Што значи дека цената за многу скоро ќе се покачи“, вели Серафимов.

Според него, жетвата почна со многу добар квалитет на пченицата, но последните денови заради горештините намален е квалитетот на ожнеаното жито.

„Првично беше добар квалитетот на пченицата, но имаше топол ветер, сега квалитетот не е ист. Пченицата се исплаќа според квалитетот“, вели Серафимов.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close