fbpx
ВестиВино

Годинава веројатно ќе биде најлоша за светското производство на вино

Светското производство на вино се очекува да падне во 2016 година за 5,3%, бидејќи обилни дождови го оштетиле суштинското производство на грозје во Јужна Америка и во Франција, соопшти финансиската агенција RTTNews.

godinava verojatno kje bide najlozha za svetskoto proizvodstvo na vino

 

 

„Меѓународната лозарска и винарска организација“ (OIV) прогнозира дека светското производство на вино ќе се намали во текот на оваа година со 259 милиони хектолитри, а тоа би претставувало пад со над 5 отсто во споредба со 2015 година.

Во таква ситуација винарското производство во тековната година најверојатно ќе се покаже меѓу најслабите во последните дваесет години.

Италија го потврдува своето место на водечки светски производител на вино и во 2016 година со своите 48,8 милиони хектолитри што сепак претставува намалување за 2% во однос на една година порано. Таа е придружувана од Франција, чие производство на вино ќе достигне 42,2 милиони хектолитри, но со цели 12% под нивото од 2015- година.

На трето место е Шпанија, чие производство се зголемува за 1% до 37,8 милиони хектолитри,.

„Меѓународната лозарска и винарска организација“истакнува дека производството на вино во Јужна Америка е најсилно погодено од лошите временски услови, како Аргентина на пример чие суштинско намалување на производството падна за цели 35% до 8,8 милиони хектолитри, додека производството во Чиле се намали за 21% до 10.1 милиони хектолитри, а во Бразил – пад за цели 50% во однос на минатата година до само 1,4 милиони хектолитри.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close