fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вестиФотогалерија

Тутунот се бере од полноќ до утро за да ја задржи влажноста

– фоторепортажа од Прилепско

Стотици челни лампи ги осветлуваат тутуновите полиња на Пелагонија во Прилепско секоја августовска ноќ по полноќ. Ги носат надничарите кои во еден часот ја почнуваат бербата на годинешната реколта и берат до наутро, оти така тутунот најдобро ја задржува влажноста.

(Фото: Ѓ. Личовски)

Тутунот е стратешка култура во земјава од чие производство живеат 40.000 семејства, според децениските статистики. Субвенциите за производителите се евро по кило.

Македонија е на 30. место по количеството на произведен тутун во светот, околу 27.000 тони, и на 15. место по вредноста на остварениот извоз на тутун во светски рамки. Најголеми увозници на тутун од Македонија се САД и Германија, односно мултинационални компании кои имаат фабрики во овие земји.

(Фото: Ѓ. Личовски)

Проф. д-р Миле Маркоски, вонреден професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вели дека производството на тутун во Македонија ги исполнува своите обврски кон ЕУ и обврските кои произлегуваат од потпишаните и ратификуваните меѓународни документи.

(Фото: Ѓ. Личовски)

„Нашата држава, како значаен светски производител на тутун, потпиша и ратификуваше важни меѓународни документи за ограничување и контрола на производството на тутун и тутунски производи. Посебно се значајни два документа од меѓународен карактер, таканаречената Варшавска конвенција: СЗО Европа без тутун, усвоена на Конференцијата на европските министри во 2002 и Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на СЗО од 2023. година. Иако Конвенцијата нема за цел да го забрани производството на тутун, туку да воведе индиректни мерки кои ќе го намалат производството, имплементацијата на оваа конвенција е тешка во целиот свет, посебно во земјите во развој. Дури и некои високоразвиени земји (САД, Швајцарија, Аргентина) сè уште не ја ратификуваа оваа конвенција, а многу од земјите што ја ратификуваа, не ги спроведоа целосно мерките и обврските што произлегуваат од неа“, вели професорот  Маркоски во студија презентирана на научно-стручниот собир „Тутунот и тутунските производи-вчера, денес и утре“ што се одржа во Загреб во март.

(Фото: Ѓ. Личовски)

Проф. Маркоски вели дека откако земјата ќе влезе во ЕУ, ќе мора да се напушти сегашниот систем на субвенционирање на земјоделците врз основа на количината на произведен тутун, што ќе придонесе за сериозно намалување на атрактивноста за одгледување на оваа култура. Според него, треба да се очекува и благ притисок од меѓународната заедница, вклучително и од ЕУ, со цел Македонија да ја намали површината на која се одгледува тутун.

Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ

Извор https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close