fbpx
Вести

Годинава зимницата со повисоки цени

Подготовката на зимницата почна. На зелените пазари има богат избор на овошје и на зеленчук, но оваа есен цените се повисоки од ланските. Временските непогоди однесоа голем дел од родот и ги оштетија земјоделците, а сега се повеќе го празнат и семејниот буџет на потрошувачите.

Побарувачката на зеленчукот се зголемува. Подготовката на зимници е во полн ек и има поголема раздвиженост на пазарите. Сите брзаат, едните да продадат другите да купат. Сепак поради помалата понуда цените на земјоделските производи на почетокот на октомври се поскапи од истиот период лани.

Најголем пораст има кај фефероните од 62 проценти, морковот 30, карфиолот 27, црвените пиперки 25 и краставиците 37 отсто. Помалку поскапеле корнишоните, зелката и благите пиперки.

И овошјето овој октомври нѐ чини поскапо, цените се повисоки и тоа кај сите сорти на јаболка и кај крушите, а драстично зголемување имаат трпезните сорти грозје за скоро 50 проценти.

Позабележително намалување пак, има модриот патлиџан. Поевтин е за 31, а брокулата за 16 проценти. Пониски цени има и кај бананите, мандарините и аронијата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close