fbpx
Вести

Голем интерес за неповратни средства од ИПАРД во југоисточниот регион

zemjodelie

Ипард програмата станува се поатрактивна за земјоделците од југоисточниот регион на државата. Годинава во споредба со претходните повици интересот за искористување на средствата преку Ипард 2  е зголемен за околу 30%. Од регионалниот центар на агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Струмица која преку  неколку работни единици и дисперзирани канцеларии ги  покрива сите општини од целиот југоисточен регион велат дека интерес има како од индивидуалните земјоделци, така и од фирми кои се занимаваат со земјоделска дејност. Земјоделците најмногу се заинтересирани за набавка на нова механизација, но и има и такви кои покажале интерес за реализација на повеќе крупни проекти.

,, Имаме зголемен интерес и за изградба на објекти и откупни центри како и ладилници. Како имаме појава за индивидуални потреби, значи за помали капацитети имаме интерес и за изградба на поголеми капацитети за откуп и складирање на свежо овошје и зеленчук. Исто така имаме интерес за изградба на хидроелектрана со мал капацитет.,, вели Стојан Глигоров – регионален центар на АПРЗ – Струмица

За разлика од преходните повици кога кофинансирањето беше 50%,  со Ипард 2 програмата тоа  е зголемено на 60%. Целта на Ипард програмата 2014 – 2020 е преку одредени мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да ја подобри конкурентноста на земјоделското производство  и земјоделско прехранбениот сектор преку нивно усогласување со стандардите на Европската Унија. Крајниот рок за поднесување на барањата од страна на сите заинтересирани завршува на 23 јуни.


 

сител.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close