Горештините го преполовија родот на ајварката
Видео-Цените се арни, ама џабе кога нема род па не вреди, вели Ванчо Делев- земјоделец.
Долгиот сушен период и тропските температури речиси го преполовија родот на популарната ајварка во струмичко. Земјоделците велат годинава откупот тече непречно, цената е стабилна , но проблем се количините и квалитетот што ги добивале. Од истите површини што ги имале посадено и лани, оваа година добиле двојно помал род.
,, Род нема. Нема пипер, џабе е оти има откуп, многу огин беше, пипер нема. Лани ако си собрал 30 тони оваа година ќе собереш 15, на половина. Цените се арни, ама џабе кога нема род па не вреди, вели Ванчо Делев- земјоделец.
Дека нема доволно ајварка потврдуваат и откупувачите. Поради недостатокот на количини веќе доцнеле со роковите за испорака кон нивните партнери.
,, Ние имаме испорачано од тоа што е договорено 50%. И тенденцијата на она што го има на теренот, од она што сметавме дека ќе го испорачаме 50 до 60% ако исполниме ќе бидеме задоволни. Голема данок ова лето зеде жешкото време, летото до 45 – 50 степени родот се преполови и во пластеничкото производство и на тоа што е посадено на отворено, квалитетот е многу по лош и сето тоа доведе до тие количини што секој индивидуално ги очекувал дека че ги набере сега е преполовено.,, вели Блажо Витанов- откупувач.
Дел од струмичката ајварка годинава е наменета за домашните преработувачки капацитети, дел традиционално се извезува на пазарите од поранешните југословенски простори, еден дел оди на пазарите во ЕУ.https://sitel.com.mk/goreshtinite-go-prepolovija-rodot-na-ajvarkata