fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Гори млинот „Жито Битола“

ВИДЕО

Голем пожар изби попладнево во фабриката за брашно „Жито Битола“. Во моментов го гаснат две пожарникарски возила и седум пожарникари, а на помош пристигнуваат уште девет пожарникари. Засега нема информации за причината за пожарот. Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека се уште нема точни информации за тоа како избувнал пожарот.

Екипата на Телма е на терен. Првичните информации се дека пожарот е многу силен, а веќе е зафатена и кровната конструкција. Полицијата го обезбедува местото и им укажува на луѓето кои сведочат да се тргнат на безбедна далечина.

Фабриката е во приватна сопственост и работи како млин и произведува бели печива.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close