fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Горивата поскапуваат за 2,5 до три денари за литар

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 107 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 109, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) за 97,5

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за три денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 107 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 109, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) за 97,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 95,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ не се менува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и останува 54,64 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 4,584 отсто и кај дизелот за 4,856 отсто, како и за 0,467 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close