Градинарите се загрижени за цената на индустрискиот домат и индустриската пиперка
Што ги очекува градинарите кога ќе почнат компаниите преработувачи да ги откупуваат индустриските сорти на домати и пипер?
Градинарите се загрижени што ќе се случува и со цената на индустрискиот домат и индустриската пиперка кои традиционално ги откупуваат преработувачите. Тие предлагаат уште сега да почнат разговорите со компаниите преработувачи со посредство на Министерството за земјоделство.
– Со протести издејствувавме некаква цена на доматот за свежа консумација, но што нѐ очекува малку подоцна летово кога ќе почнат компаниите преработувачи да ги откупуваат индустриските сорти на домати и пипер? Тогаш ќе треба пак да протестираме за да добиеме економска цена? Мислам дека е време уште сега да почнат преговори за цената. Можеби новиот состав на Министерството за земјоделство ќе направи напор конечно да се седне и да се направат правила на утврдување на откупните цени со што ќе помогне да нема протести и фрлање на производите – вели градинар од Струмичко.