Градинарските култури и тутунот најмногу настрадаа во невремето во општина Могила

(Oвој напис е објавен на: July 25, 2018)

Општинската комисија за штети во општина Могила е при крај со своите активности поврзани со невремето што ја зафати општината. По увидот на терен се изготвуваат предметите по поднесени 340 барања од земјоделци.

Од невремето проследено со дожд и град што ја зафати општина Могила најмногу беа погодени земјоделските површини во селата Могила, Чарлија, Радобор, Долно Српци, Беранци и вашерејца. Штета е направена на вкупно 400ха обработливо земјоделско земјиште.

Најмногу настрадаа градинарските култури, доматите и пиперките. Истот така пријавени се и штети на насади со тутун и пченка. Штетите се движат од 60 – 70 %. Точната сума за направената штета ќе се знае по пресметките  во владината комисија. Исто така тогаш ќе се знае колку и како ќе бидат обештетени земјоделците јавуваат од комисијата за штети при општина Могила.

Павлина Јовановска

За Зелена берза

Share Button