fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Повик за бесплатна обука на пчелари-почетници од Североисточниот регион

Отворете линк-Објавен е повик за пријавување млади лица и жени од Крива Паланка

Објавен е повик за пријавување млади лица и жени од Крива Паланка за бесплатни обуки од областа на пчеларството во рамки на проектот „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Сверна Македонија“ што Владата на Република Словенија преку Министерството за надворешни и европски работи и амбасадата во РСМ го финансираат со цел развој на пчеларството во Североистоичниот плански регион и вардарскиот регион.

-Отворениот повик се однесува за мотивирани и заинтересирани луѓе со акцент на вклученост на жени и млади кои сакаат сериозно да отпочнат свој бизнис за одгледување на пчели, производство на мед и производи од мед во рурални места во Општината Крива Паланка. Почетници кои ќе бидат избрани ќе добијат врвна обука од најдобрите експерти од Северна Македонија и Словенија, а по завршената обука ќе добијат и соодветни потребни ресурси за отпочнување сопствен бизнис. На повикот можат да се пријават и напредни пчелари кои сакаат да го унапредат своето работење и да го подигнат на највисоко ниво во делот на органско пчеларство, посочува службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Станува збор за тригодишен проект што води кон рурален развој, локализација на производството на храна преку самостојно спроведување природно пчеларство, придонесувајќи за намалување на напуштањето на селата, создавајќи нови можности за жените и вработување на младите.

Заинтересираните лица можат да се пријават преку е-пошта adra.mkd@gmail.com, а повикот е достапен и на веб-страницата на Општина Крива Паланка https://www.krivapalanka.gov.mk каде што можат да се најдат детални информации и контакти за пријава.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close