fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Градоначалникот Пецаков бара од МЗШВ да распише јавен повик за доделување концесија за рекреативен риболов и во Охридското Езеро

Пецаков реагира на одлуката на ресорното министерство дека во јавниот повик за доделување на концесија на рибарите за организирање рекреативен риболов меѓу локациите не е ставена и рекреативна зона „Охридско Езеро“.

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков бара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да распише јавен повик за доделување концесија на рибарите за организирање на рекреативен риболов во Охридското Езеро.

Тој реагира на одлуката на ресорното министерство дека во јавниот повик за доделување на концесија на рибарите за организирање рекреативен риболов меѓу локациите не е ставена и рекреативна зона „Охридско Езеро“.

– Незамисливо е, најголемото езеро во Македонија и најпосетуваниот град, да изостанат од повикот за доделување на концесија за организирање на рекреативен риболов. Што треба да им се каже на туристите, кои доаѓаат на лето, а се рекреативни риболовци, дека на најголемото езеро во Македонија, Охридското Езеро неможат рекреативно да ловат риба, вели Пецаков во реакцијата објавена на фејсбук.

Потсети дека само минатата година биле поднесени пет пријави за туристи што ловеле риба од брег, а меѓу нив били и едно дете. сс/мч/

 

Охрид, 5 мај 2022 (МИА)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close